Летни марами за на плажа, идеални и за попладневна прошетка

Време е за одмори, а летната марама е одличен избор за на плажа, особено кога можете да ја искористите и за прошетка.

Памучна, тенка марама во разни бои, која најчесто се користи како сукња за плажа е идеален избор за време на летните денови, особено доколку можете да ја искористите и за попладневна или вечерна прошетка.

Покрај таа намена, можете, доколку ја врзете околу врат и на грб од неа да направите и лесна блузичка која одличнп прилега со некое парче гардероба од тексас.

1. Направена од памук, воглавно има разни нијанси, шари и мотиви, кои на летниот стил му даваат разигран ефект.

2. Совршена комбинација во боите на небото и морето која се вклопува во амбиентот.

3. Оние дами кои сакаат елеганција и на плажа можат да се одлучат за бојата на јоргован во комбинација со истобоен топ.

4. Некоја во беж и кафена нијанса со линии може да послужи и како сукња за попладневна или вечерна прошетка.

5. Марамата може да ја искористите така што на тој начин од неа ќе направите блуза, која совршено ќе прилега и со фармерки.

Scroll to Top