Актерката Линдзи Лохан (38) го привлече вниманието на црвениот тепих на премиерата на нејзиниот најнов празничен филм „Our Little Secret“.
Актерката прошета во црн, проѕирен фустан, долг до подот, со длабоко деколте и отвор на грбот.
Нејзината благо брановидна коса беше пуштена, а аутфитот го комплетираше со дијамантски накит.
Поранешната детска ѕвезда Линдзи се појави на црвениот тепих со сопругот Бадер Шамас.