Меган Маркл диктира мода на поло-натпреварот во Санта Барбара

Меган Маркл и принцот Хари беа домаќини на хуманитарен поло натпревар во Санта Барбара, како поддршка на локалните добротворни организации. Војвотката од Сасекс за оваа пригода избра црно-бела комбинација.

dobivaj vesti na viber

Меган носеше црна блуза со ситни бели точки со бели шорцеви со широки ногавици. Дел од комбинацијата беше и црн појас од брендот Khaite и црни чевли со високи потпетици, а во оваа прилика носеше црн широк шешир. Изгледот Меган го надополни со брановидна коса, црвен кармин и големи очила за сонце.

Принцот Хари играше поло со својот тим во Лас Падрес, а по освојувањето на меморијалниот пехар, трофејот им го врачи Меган Маркл која на својот сопруг му подари бакнеж кој го овековечија камерите.



 

 

 

Scroll to Top