Меган за три дена за облека потроши 45.500 евра

Меган Маркл за посетата не меѓународниот спортски натпревар „Invicuts games“ потрошила 45.500 евра само за облека. Таа на настанот на кој е основач принцот Хари, покажала неколку модни изданија од класика до облека со неутрани бои, зад кои се потпишуваат врвни модни дизајнери.

Нејзината посетата на Холандија ја започна во совршен костим со боја на слонова коска, кој чини околу 3.850 евра, а го потпишува еден од нејзините омилени брендови – „Valentino“, а уште едно од поскапите парчиња беше црната твид јакна на „Селин“, која чини околу 3.000 евра. Кога станува збор за обувките, таа не експериментирала. Меган избрала докажани брендови чии чевли најчесто ги носи: Шанел, Маноло Бланик и Аквазура.

Најскапото издание го носеше за време на свеченото отворање, кога се појави во бело боди со набори на американскиот бренд „Khaite“ и црни ѕвонарки, а она што ова нејзино издание го направи уште поскапо е ѓерданот „Картие“ од неверојатни 15.500 евра.

Scroll to Top