Мрежести црни хулахопки се новата урбана модна комбинација за оваа есен

Мрежестите хулахопки се најава за хит оваа есен. Обично се носат во некои вечерни комбинации или кога едноставната облека сакаме да ја направиме посебна.

Најпопуларни се црните хулахопки, без мотиви.

Може да се искомбинираат со мини здолништа и фустани, но одлично изгледаат и со фармерки, особено со дупчиња или со кожно мини здолниште.

Иако доаѓаат постудени денови, овие чорапи сепак ќе имаат посебно место во гардеробите на многу жени. Фармерките стануваат вечерен стајлинг со додавање на мрежеста текстура.

Тие се кул дури и кога само ви ѕиркаат од под панталоните, комбинирајте ги со убави салонки.

Scroll to Top