Најубавата жена на светот во проѕирен фустан привлече внимание во Милано

Ешли Греам привлече внимание на модната недела во Милано.

36-годишната манекенка се појави во долг, проѕирен фустан, под кој се гледаше нејзината долна облека. Покрај тоа, таа искомбинирала црни сандали и потемен кармин, додека косата и беше пуштена.

За потсетување, Ешли беше прогласена за најсекси жена на светот во 2023 година од страна на магазинот Maxim. Убавицата која беше откриена на 12 години во трговски центар има многу успешна кариера.

Таа соработува со светски познати брендови, повеќе од 20 милиони луѓе ја следат на Инстаграм, а многу жени ширум светот наоѓаат инспирација во неа бидејќи нејзините облини го сменија начинот на кој се гледаат женските тела.

Scroll to Top