Најжешката бразилска манекенка Жизел Бундшен ужива на карневалот во Рио по разводот со Том Брејди

Една од најпознатите бразилски манекенки, Жизел Бундшен, викендов се забавуваше во Рио на најголемиот светски карневал. Таа го привлече вниманието на публиката, но и новинарите, бидејќи ова е едно од нејзините први појавувања во јавноста откако се разведе од рагби-играчот Том Брејди. Жизел носеше златни сандали, бели панталони и кроп топ, дополнети со многу накит. На забавата дојде со десетина свои пријатели и се забавуваше до раните утрински часови, додека траеше карневалската поворка.

Карневалот во Рио де Жанеиро годинава се одржува од 17 до 22 февруари, но карневалските случувања ќе продолжат и во наредните триесет дена.

Scroll to Top