Никол Кидман во лежерни, но стилски комбинации

Актерката Никол Кидман неодамна сподели неколку фотографии и видеа на својот Инстаграм профил од престојот на Азурниот Брег, каде што ги комбинираше деловните обврски со релаксирање покрај морето за време на посетата на Канскиот филмски фестивал.

Во објавите може да се забележи во лежерни, но многу стилски комбинации со трендовски детали – од преголем бел ленен фустан со шапка, до црн едноделен костим за капење, до мрежести балерини што ги носеше со лесни свилени панталони.

Сепак, фотографијата од терасата покрај морето привлече најголемо внимание, заедно со кафе и кроасан, во кадарот беа и препознатливите влечки „Хермес“, еден од најбараните модели на оваа луксузна модна куќа.

Според описот на брендот, тие се инспирирани од Кипар – остров од грчката митологија кој се поврзува со Афродита и симболи на вечната младост. Дизајнот комбинира безвременски стил со практични детали како што се флексибилен и прилагодлив ремен и анатомски гумен ѓон за поголема удобност.

Препознатливи се по својот современ изглед и кројот во форма на буквата H, што е заштитен знак на модната куќа. Достапни се во повеќе од десет нијанси, но доаѓаат и со висока цена, 760 евра.

Scroll to Top