Очилата на Макрон од 659 евра го срушија интернетот

Барањето за информации за неговиот моден додаток предизвика привремено паѓање на веб-страницата на францускиот луксузен бренд.

Откако францускиот претседател Емануел Макрон носеше авијатичарски очила за сонце, моделот Henry Jullien Pacific S 01, на Светскиот економски форум во Давос, се случи вистинска врева на социјалните мрежи.

Пребарувањето на информации за неговиот моден додаток предизвика привремено паѓање на веб-страницата на францускиот луксузен бренд.

Иако очилата, чија цена е 659 евра, привлекоа внимание како моден детаљ, причината за нивното носење беше од медицинска природа. Претставниците на медиумите истакнаа за „Ројтерс“ дека францускиот претседател носи очила за сонце поради здравствен проблем со окото.

Неговиот необичен изглед предизвика мешани реакции. Додека некои коментираа дека Макрон изгледа „кул“, американскиот претседател Доналд Трамп му се потсмеваше.

„Го видов вчера со тие прекрасни очила за сонце. Што се случи, по ѓаволите?“, рече Трамп, обраќајќи им се на учесниците на самитот, пишува бриселскиот „Политико“.

 

фото/епа

Scroll to Top