Лорен Санчез, свршеницата на Џеф Безос, предизвика лавина реакции со нејзиното појавување на инаугурацијата на Трамп. Но, според новите наводи, таа е имуна на бројните критики кои го преплавија интернетот.
„На Лорен воопшто не и е грижа. Таа прави што сака“, коментира еден од нејзините пријатели за „Пејџ Сикс“.
Jeff Bezos future wife Lauren Sanchez is incredibly inappropriately dressed for a state occasion. Someone should have told her that having her white lace bra out on display is not acceptable. pic.twitter.com/MvwyvuI6R3
— Brittany Gadoury (@brittanygadoury) January 20, 2025
Поранешната новинарка на инаугурацијата на Трамп дојде облечена во бел мантил. Таа ја шокираше јавноста откако го соблече палтото и се појави во бел костим под кој се гледаше бел градник од тантела, што многумина го сметаа за несоодветна облека за историскиот настан.