Трендовите во светот на шминката и фризурите едноставно се менуваат, а последниот предизвика вистинско воодушевување кај корисниците на „Тик-ток“.
Најновиот тренд во светот на маникирот т.н. плишени нокти ќе ја одбележат есенската сезона. Плишените нокти подразбираат употреба на специјални лакови и производи што ја прекршуваат светлината, односно прават ноктите да светат, а сепак да бидат мат. Затоа фотографиите не може верно да ја докажат убавината на овој маникир.
Судејќи според популарноста на социјалните мрежи, ова ќе биде еден од најпосакуваните и најпривлечни есенски маникири.
@heluvieevelvet nails✨🕊♬ original sound – Laerke
View this post on Instagram