Последниот Џејмс Бонд и неговата ќерка Ела елегантни на црвениот тепих во Лондон

Даниел Крег, поранешниот агент 007 со неговата ќерка Ела Крег заедно се појавија на црвениот тепих на премиера на филмот Glass Onion: A Knives Out Mystery во Лондон.

Двајцата на црвениот тепих прошетаа во елегантни комбинации, а вниманието на публиката го привлече Ела Крег, која потсетува на својот татко.

Ела Крег се одлучила за долг црн фустан, а нејзиниот татко се обидел да ја придружува во овој моден потфат. Синиот класичен костум и лептир машна беа неговиот избор за оваа свечена пригода.

Да потсетиме, познатиот актер ја доби Ела Крег во брак со Фиона Лаудан. Две години по нејзиното раѓање, двојката се разведе, а од 2002 година Крег е во брак со Рејчел Вајс, со која минатата година добија ќерка.


Scroll to Top