Претставена новата колекција на Кокев: „Сакав преку креациите да ја обојам зимата“

Модната креаторка Тања Кокев, на почеток на месецов, на ревија во инспиративниот простор Fames ја претстави својата нова колекција есен/зима 2023-24 година.

Просторот, кој за таа намена беше претворен во зимска бајка, магично го освежија илуминациите од креациите на Кокев.

Дизајнерката вели „Асоцијацијата за овој период од годината често е зимско сивило, студено, непријатно… Па затоа сакав преку креациите да ја обојам зимата, со форма и со боја да обликувам поинакво расположение.“

Колекцијата навистина носи свежина и од аспект на крој и со палетата на бои. Пастелните бои носат нежност, додека бордото служи како акцент, а целокупната колекција има и доста црно-бели креации, кои носат во себе суптилен француски шик. Кокев овој пат освен со препознатливите елегантни креации, нè изненади и со невообичаени кроеви, каде што навидум класичниот дизајн е збогатен со детаљ, кој на креацијата ѝ дава сосема нов шмек.

 

Scroll to Top