Ријана и нејзиниот долгогодишен партнер АСАП Роки беа фотографирани во Беверли Хилс за време на празничниот шопинг, а облеката на пејачката го привлече вниманието на многумина.
Таа комбинираше дуксер, долга бунда, шорцеви, долги бели чорапи, а она што предизвика најмногу коментари – обувки со циркони, кои се дел од колекцијата на брендот Simone Roche и чија цена е 166 евра.
Поради нејзината облека, на социјалните мрежи започна дискусија. Некои напишаа дека „може да носи што сака бидејќи сè и одговара“, а други пак дека таа „непријатно ги изненадила“ со својот моден избор.
„Инаку ја обожавам, но крокс и бунда?“, „Може и многу подобро“, беа само дел од коментарите.