Ријана цел на критики поради стајлингот – ја споредија со мафин и шеќерна волна

Ријана (37) повторно привлече внимание со својот стил на облекување. Музичката ѕвезда, која го чека третото дете со А$АП Роки, во понеделник беше фотографирана на улиците на Лос Анџелес во необична, но скапа комбинација.

Таа носеше розово-портокалов фустан од брендот Issey Miyake, кој чини околу 2450 евра. Со фустанот имаше необични зелени патики вредни 237 евра. Стајлингот го дополни со златен накит, големи бели обетки и едноставна фризура, а нежната шминка го истакна нејзиниот природен изглед.

„Изгледа како мафин“

Луѓето на социјалните мрежи веднаш реагираа, а мислењата беа поделени.

„Не е нејзина најдобра комбинација, но сепак ја носи како кралица“, „Уф, изгледа како голем мафин“, „Не знам дали ми се допаѓа или не, изгледа како некој цвет“, „Шеќерна волна…“ беа само некои од коментарите на „Икс“.

Сепак, многу обожаватели ја бранеа пејачката: „Секогаш е беспрекорна“, „Го обожавам нејзиниот стил.“

Дали очекуваат девојче?

Ријана и А$АП Роки веќе имаат два сина, а неодамна таа проговори за мајчинството.

„Моите два принца имаат толку енергија што ме исцрпуваат секој ден“, рече за „Аксес Холивуд“ и откри дека малите се возбудени за новото бебе што наскоро доаѓа.

А$АП Роки на недамнешната премиера на „Штрумфови“ во Брисел можеби случајно го откри полот на бебето.

Во разговор со водителот Кевин Фрејзер од телевизијата ET, Фрејзер го праша Роки: „Дали е тоа девојчето што го очекувавте?“, на што 36-годишниот рапер без размислување одговори: „Да, човек, да.“ Сфаќајќи дека можеби открил премногу, А$АП Роки се обиде да го ублажи одговорот држејќи ја куклата Штрумфета и рече: „Еве ја, знаеш на што мислам? Еве ја тука.“

Парот е заедно пет години.

Scroll to Top