Популарната пејачка Сабрина Карпентер прошета на црвениот тепих на галата Time100 Next 2024 во Њујорк. Таа носеше елегантен сребрен фустан од Версаче.
Сребрениот фустан беше блескав и имаше висок шлиц на ногата. Таа ја имаше и својата препознатлива фризура.
Сабрина настапи за време на гала вечерта, а беше и една од овогодинешните победници. Инаку, пејачката се најде и на насловната страница на листата 100 Next на Time.