Сара е новата Мис Алабама: Доби многу критики, па порача дека човекот е повеќе од тело

23-годишната Сара Миликен е прогласена за Мис Алабама 2024. Оваа година таа ќе се натпреварува со мисиците од другите американски држави на изборот за Мис Америка.

„Голема чест е да се претставам како ваша национална, американска Мис Алабама 2024 година. Ова е сон што го сонував во последните осум години. Не можам да верувам дека добив шанса да го живеам“, напиша таа на Инстаграм.

„Не мислев дека е можно плус-сајз модел од толку мал град да победи, но работев на тоа секој ден. Немаше ден кога не ги вежбав своите говори или не презентирав пред жирито“, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Milliken (@thenamalmiss)

Која е Сара Миликен?

Сара е плус сајз модел од Атмор, Алабама. Таа се натпреваруваше двапати пред да ја освои титулата. Таа е исто така водител на подкастот Girls Gotta Glow и застапник за ментално здравје.

По нејзината победа, луѓето на социјалните мрежи ја критикуваа за нејзиниот изглед. Критиката вклучуваше коментар од американски ветеран кој тврди дека „изборите за убавина се претворија во натпревари за менталното здравје“.

„Натпреварувачка со прекумерна тежина беше крунисана за Мис Алабама, а маж беше избран за Мис Мериленд. Овие одлуки испраќаат погрешна порака до децата и придонесуваат за култура на нездраво живеење. Треба да ги учиме нашите деца за важноста на здравјето”“, напишал човекот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Milliken (@thenamalmiss)

Сара реши да одговори на тој и слични коментари.

„Неодамна бев цел на огромна количина на онлајн омраза и малтретирање. Искрено, не ме засега толку многу што мислат луѓето. Нештата што се кажани за мене се навистина одвратни и не можам да ги разберам како луѓето мислат дека е во ред да кажуваат такви работи. Би можела да се сокријам, да се откажам од титулата… Но наместо тоа велам – погледнете ме. Гледајте ме како служам на мојата заедница. Гледајте како давам се од себе во подготовките за националниот шампионат. Гледајте како продолжувам да истурам позитивна енергија на социјалните мрежи. Гледајте како ја постигнувам секоја цел што си ја поставив. Гледајте како му покажувам на секој хејтер зошто една плус сајз жена може и треба да ја освои титулата“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Milliken (@thenamalmiss)

Таа вели дека човекот е „повеќе од тело“.

„Гледајте како и покажувам на 15-годишната Сара како да ја држи главата високо и гордо да владее – без разлика што велат хејтерите“, додава таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Milliken (@thenamalmiss)

Таа исто така зборуваше за тоа во една ТВ емисија.

„Знаете, дури и кога ќе напишете нешто на Интернет, тоа може да остави траен впечаток на луѓето за кои е наменет. Тие зборови можат да повредат. Отсекогаш сум сакала да ширам позитивност“, рече таа.

Scroll to Top