Сара Јо главна ѕвезда на ревјата на македонскиот дизајнер Мите Занов

Српската пејачка Сара Јо беше специјална гостинка на ревијата на македонскиот моден дизајнер Мите Занов. Таа беше во првите редови на ревијата облечена во креација на Занов. Црн целосен мини фустан со широк крој во ракавите. Креацијата беше надополнета со голем шешир.

„Нераскинлива љубов која се роди на едно фоткање (со мојотата прва македонска љубов Горан Поповски) пред… не знам ни самата колку години. Одново и одново ме инспирираш со својот пристап и посветеност. Голем уметник си, но уште поголем човек – а тоа на крајот од денот е најважно. Засекогаш ќе ја имаш мојата најискрена поддршка. Те сакам“, напиша Сара на Инстаграм.

Сара Јо веќе некое време соработува со македонскиот дизјанер и често на најзини настапи таа носи модни парчиња со потпис на Занов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Jo (@sarajoofficial)

Македонскиот дизајнер Мите Занов викендов ја промовираше својата нова пролетна колекција “Ноктурнал”. Пред колегите дизајнери, поранешни модели, многу музичари, јавни личности и бројни пријатели, тој во “Сити хол” претстави парчиња во кои, како и претходно, доминираа корсетите и кожата.

Занов за колекцијата пролет 2023 избра монохроматски модели, а креациите беа во бела, златна, беж, виолетова и црна боја. Панталоните и фустаните дизајнерот ги комбинира со високи чизми и впечатливи шапки, но и златни детали и ракавици над лактите.

Во публиката имаше и стилисти, кои коментираа дека Занов и овој пат го задржа својот препознатлив стил,но дека внесе и свежина со шеширите. Дел од дамите во публиката носеа корсети од Занов, па така, во негови креации беа облечени Јана Бурческа, Теа Теајковска, Елена Николовска и неколку македонски инфлуенсерки.

Г. Додевска

Scroll to Top