Сара Јо во боди-трико од познат светски бренд на музичкиот фестивал „Скале 2022“

Српската поп-ѕвезда Сара Јо со провокативен стил се појави на музичкиот фестивал „Скале 2022“, кој е продолжение на познатиот фестивал „Сунчане скале“, кој беше отворен на 26 јуни во Херцег Нови.

Пејачката за настапот избрала целосно боди-трико од познат светски бренд, а неговата цена е околу 20.000 денари. Изгледот го надополнила со проѕирни сандали и мрежести чорапи. Комбинацијата Сара Јо ја комплетирала со црвен кармин.

Сара Јо го имаше својот препознатлив настап со провокативен танц на хитовите што ги пее.

Инаку, Сара Јо во Херцег Нови престојува заедно со својот дечко, кореографот Жига Сотлар, кој е задолжен за нејзината кореографија.

Scroll to Top