Седата коса што ја има од дете, a поради која била несреќна, не ја поколеба да стане модел: приказната за Јасмина Роси

By

Моделот Јасмина Роси (65) своето прво седо влакно го добила на 11 години, а сега отворено зборува за своите ставови во врска со стареењето, самоприфаќањето и убавината. Таа е една од првите модели со седа коса и е мајка на две деца.

dobivaj vesti na viber

Роси својата манекенска кариера ја почнала случајно кога во последен момент била повикана да замени еден од моделите. Оттогаш работи со познати модни куќи, како што се „Ив Сен Лоран“, „Џил Сандер“ и „Тиери Муглер“.

Таа отсекогаш си ја сакала својата коса, а од своите 11 години се справува со седите влакна за кои смета дека се магични. Поради сребрената коса, добила многубројни реакции, главно негативни, но нејзиното длабоко чувство за самопочит, вредност и достоинство не дозволило тие никогаш да влијаат врз неа.

„Отсекогаш сум се залагала за тоа она го сакам или не сакам, а парите никогаш не биле причина за моите постапки“, вели таа.

Роси верува дека самоприфаќањето е поврзано со здравиот разум и стравопочит кон човечкото битие и тело. Таа вели дека има силна врска со природата и законите на природата. Користи свежи органски производи во исхраната, но и за нега на кожата.

Исто така, таа свесно ги блокира токсичните мисли, практикува добар сон и вежба јога. Според неа, вежбањето не е одење во сала за вежбање, туку следење на местото кон кое се насочува телото.

„Кога бев млада, луѓето мислеа дека сум професор по спорт или танчарка на балет“, вели таа.

 

 

Ќе ви се допадне