Сите три сме жртви на сајбер насилство: Миа Костова и Александра Шијакоска заедно во новата колекција „Партизнака“ на Маја Кикириткова

Модната дизјанерка Маја Кикиритова ја објави новата колекција насловена „Партизанка“. Главни модели се самата дизјанерка, како и инфлуенсерките Миа Костова и Александра Шијакоска.

Кикириткова раскажа дека тоа што таа го направила не е обична приказна, туку нешто што тлеело долго кај неа. А Миа и Александра од прва прифатиле да бидат дел од нејзината најнова модна колекција.

„Борба против говор на омраза, борба против сајбер булинг. И не случајно сме трите овде, не случајно токму ние сакаме да ја пренесеме пораката. Пораката може да ја пренесе тој што ја доживеал, а сите три сме биле жртви на сајбер булинг. До кога ќе бидеме неми и глуви на темава?! – До кога сѐ ќе криеме длабоко во нас, не оставајќи простор јавно да говориме?!-До кога оваа тема ќе биде табу тема?! -До кога ќе нѐ интересира што ќе каже другиот?! -До кога ова нема да биде казниво со закон?! Можам вака до бесконечност со прашањата “до кога?!”-И да, да покренеме заедничка петиција, сите заеднички да се бориме ова да биде казниво со закон“, вели Маја Кикириткова.

Името на колекцијата е „Партизанка”, бидејќи инспирација и била партизанката како жена која се борела за поинакви права. Жена која не била потчинета, жена која облекла панталони и одела во борба. Јака жена, хероина, која знае да крене глас и со пушка во раце да оди во борба, вели Кикириткова.

Таа оваа година одбележува 15 години од нејзиното творештво како моден дизјанер.

Фото: Бедстеф
Scroll to Top