Скапа жена, евтин стил, фановите го критикуваат стајлингот на Салма Хајек на Мет Гала

Мексиканско-американската актерка Салма Хајек (56) на својот Инстаграм профил објави фотографија во долг црвен фустан во кој позира на Мет Гала. Стајлинг на Салма ги разочара нејзините обожаватели, па доби позитивни, но и негативни реакции.

„Толку скапа жена, но евтин стил“, „Зошто не ангажира некој да ја научи малку за облекување и мода“, „Едвај чекав да го видам нејзиниот стајлинг, а таа ме разочара вака“, ова се само дел од коментарите кои следеа по објавата на фотографијата.

Инаку, сопругот на Салма, Франсоа-Анри Пино е сопственик на компанијата „Керинг“, која во своето портфолио има модни брендови како „Баленсиага Гучи“, „Сент Лауреат“, „Ботега Ванета“, „Александар Меквик“ и „Бриони“, паа многу нејзини следбеници прашуваат зошто Салма прави модни грешки, толку често.

Хајек во една прилика откри дека за нејзината младешка кожа користи екстракт од кора од стеблото од мимоза тенуифлора, кој во Мексико се користи за лекување на изгореници бидејќи целосно ја регенерира кожата.

Актерката зборува за растение кое расте насекаде околу нас, а мислејќи на Јужна Америка, од каде што и самата потекнува, бидејќи растението природно не расте во Европа. Нејзиниот изглед наликува на папрат, а има и халуциногени својства, а неговите производи се продаваат и во Хрватска.

Scroll to Top