Совети како да се нашминкате во лето

Летото им е омилено годишно време на повеќето луѓе. Освен летната гардероба, која ве прави опуштени и секси,  што се случува со шминката кога надвор е жешко?

Еве неколку совети и трикови кои ќе ви помогнат при шминкањето кога е многу жешко.

Проблеми со шминката во лето

Кога надвор е топло нашата кожа се поти и станува помрсна, па нашето лице добива непосакуван сјај. Тој често се јавува во таканаречената Т зона (чело, брада, нос). Од таа причина, некои жени ставаат подебел слој пудра во овој дел од лицето. Но сепак, има и подобри решенија, како што се пудрите во прав со мат ефект.

Сигурно сте забележале дека вашата летна шминка трае многу кратко. Токму поради зголеменото потење, шминката исчезнува со брзина на светлината. Сепак, најголемиот кошмар е размачкувањето на сенките за очи и ајлајнерот. Со тоа е готово. Со нашите совети, нема потреба повеќе да се грижите.

Како шминка да трае подолго

За да имате совршена шминка во лето, неопходно е добро да го исчистите лицето. Добро е да го исчистите лицето со тоник или минерална вода, за да го тргнете вишокот маснотија при нанесувањето на шминката. На тој начин го спречувате појавувањето на акни, митисери и црнки.

Како би опстоила шминката на вашето лице и покрај високите температури, по нанесувањето основа на лицето, би требало да ставите светкава пудра или бронзер (во зависност од тоа што сакате да постигнете со шминката). Тие ќе ви помогнат при фиксирањето на шминката.

Кога ќе излезете од дома и ќе почувствувате дека се потите, нежно со влажно марамче избришете го лицето, но со тапкање. Покрај тоа, не заборавајте во лето да нанесете и крема со заштитен фактор за да ја заштитите кожата и да спречите изгореници.

Кога се работи за шминкањето очи, летото за тоа е најпроблематично. Кога бирате производи што се наменети за шминкање очи, бирајте ги оние кои се водоотпорни за да го избегнате можното размачкување на ајлајнерот или сенката за очи во случај на запотување.

Поради горештините, препорачливо е да пиете константно течности и сигурно е дека и пиете. Затоа, вашиот кармин мора да е постојан. Во спротивно, нема да трае долго. За да остане што е можно повеќе на усните, пред нанесувањето на истиот ставете тенок слој балзам за усни, односно лабело.

Најдобра шминка за лето

Летото е идеално за носење што е можно помалку шминка и таа мора да биде лесна и освежувачка. Не постои ништо посекси од природниот изглед, со нежни тонови. Кога во прашање е вечерното излегување, сѐ се менува и тогаш можете да испробате долга линија исцртаната со ајлајнер и темни сенки за да добиете драматичен ефект.

Како што веќе напоменавме, кога сонцето ќе изгрее со сета своја сила, бирајте лесни формули. На пример, најдобри се пудрите без масло и тие во прав. За  некои козметички производи да останат во добра состојба (не важи за сите производи), како што е течната пудра, ставете ја во фрижидер, како и хидратантната крема и извадете ги надвор петнаесет минути пред употреба.

Без сомнеж, најдобриот сојузник во летната шминка (без разлика дали се работи за дневна или ноќна) е собирањето коса, за да не ве гуши и не да ве тера на дополнително потење. Затоа, испробајте плетенки, коњски опаш… Секоја од овие фризури има многу варијанти погодни за секоја пригода.

Scroll to Top