Уличен стил: Идеи како да носите комбинезон ова лето

Комбинезоните се една од најомилените работи на активистите на уличниот стил од главните модни престолнини.

Во сезоната пролет/лето 2020, девојките бираат опуштени ленени комбинезони, памучни модели, кежуал модели од тексас или лесни свилени опции.

Со бирањето на комбинезот можете да заштедите неколку слободни минути пред да излезете од дома, затоа што не морате да се прашувате кои пантолони или здолништа да ги додадете. Ѕвездите на уличниот стил сакаат комбинезони поради својата практичност и функционалност.

Ова лето, девојките облекуваат спортски модели со транспарентни папучи, бираат модели со необични кроеви, облекуваат комбинезони со закрпи и џепови, комбинираат со кошули и опуштено дефилираат по улиците на Милано, Париз, Лондон и Њујорк.

Ги собравме најмодерните комбинезони, а ѕвездите на уличниот стил ќе ви покажат како да ги носите ова лето.

Scroll to Top