(Видео) Амал Клуни покажа две модни изданија кои ја натераа Италија да ја обожава

Холивудскиот пар Амал и Џорџ Клуни се појавуваат заедно на секој голем настан, па затоа не сакаа да ја пропуштат церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

Италија е „центар на светот“ во изминатите неколку дена и ќе остане така до 22 февруари, а големи „виновници“ за ова се познатите ѕвезди кои привлекуваат внимание со својот изглед и модни изданија.

Бидејќи Амал со години важи за една од најстилските жени, логично е да се очекува дека таа и Џорџ ќе бидат следени на секој чекор. Моментално, две нејзини изданија ги воодушевија сите, првото при пристигнувањето, а второто за време на гала вечерата организирана во чест на Зимските олимписки игри.

За нејзиното пристигнување во Милано, Амал избра краток црн фустан во комбинација со чизми со животински принт, кои беа ѕвезда на овој аутфит. Станува збор за модел на Версаче кој совршено ги истакна нејзините долги и витки нозе.

Сепак, Амал брзо успеа да ја засени претходната комбинација, појавувајќи се на галата во елегантен фустан со смел деколте, украсен со детали од тил, а сето тоа го комбинираше со црни чевли.

Спектакуларни обетки и чанта заокружија сè, а Клуни блескаше покрај неа во класичен црн костум.

Scroll to Top