(Видео) Без филер до полни усни, нов тренд на „Тик-ток“

Доколку сте љубители на шминката, како и испробувањето на различни техники на шминкање, сигурно ќе ве воодушеви новиот трик за поголеми усни кој деновиве се појавува на социјалните мрежи.

Станува збор за малку необичен, но ефикасен трик кој веднаш прави вашите усни да изгледаат пополни и нашминкани. Не само што го олеснува нанесувањето на кармин и молив за усни, туку и визуелно ги прави усните да изгледаат поголеми.

Како и со секој нов трик, на почетокот  бара малку вежбање, но со текот на времето ќе ви биде полесно да цртате прецизни и совршени усни. Цврсто повлечете ги усните за да се гледа само нивниот надворешен раб. Со молив за усни исцртајте видлива линија по должината на рабовите, како и аглите на усните. Нанесете кармин и сјај за усни на ист начин, но со производ кој има тесен апликатор кој се вклопува меѓу набиените усни. Усните сепак треба да се притиснат, а потоа лесно да ги рашират.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HUDA BEAUTY (@hudabeauty)

Scroll to Top