(Видео) Дакота Џонсон со фустан со длабоко деколте: „Ова е погрешен аутфит“

Дакота Џонсон не можеше да скрие колку ѝ е непријатно поради провокативниот фустан што го носеше во шоуто на Џими Фелон.

Актерката Дакота Џонсон, ѕвезда од филмската серија „50 нијанси сиво“, доживеа многу непријатна ситуација во The Tonight Show Starring Jimmy Fallon поради провокативниот фустан што го носеше, а ниту водителот не остана рамнодушен.

Таа носеше краток црн фустан со длабоко деколте што изгледа гламурозно, но не е многу практичен за носење, особено кога седите пред публика, водител и милиони гледачи. „Ова е погрешен аутфит“, рече Џонсон.

 

Беше повеќе од очигледно дека на Дакота ѝ е многу непријатно, а тоа го забележа и Џими Фелон, кој се обиде да ја разбие незгодната ситуација, но не успеа.

„Очите ми се тука, горе…“, се пошегува таа во еден момент, а водителот одговори: „Не знам каде да гледам… Не можам… Не знам што да правам“.

Таа исто така се обиде да го покрие деколтето за да можат да го продолжат разговорот без никаква непријатност, а подоцна ѝ дадоа ќебе и марамче…

„Зошто го носеше овој глупав фустан? Беше јасно дека ѝ е непријатно штом седна“, „Зошто стилистите го прават ова? Ги облекуваат уметниците на начин што им прави непријатност?“, се некои од коментарите на YouTube.

Scroll to Top