(Видео) Дуа Липа во најпровокативното модно издание за Оскарите

Пејачката Дуа Липа секогаш привлекува внимание на црвениот тепих, па затоа Оскарите не можеа да бидат комплетни без неа, или поточно забавата по доделувањето на наградите каде што го украде целото внимание со својот вереник Калум Тарнер.

Дуа донесе две комбинации и не е јасно која е поубава и поелегантна. Проценете сами.

Првиот пат се појави со Тарнер на забава организирана од Елтон Џон, нејзиниот изглед беше дизајниран од модната куќа Гучи, а пејачката избра син фустан со светки направен од монистра, па затоа секогаш ризикуваше да открие малку повеќе отколку што сакаше.

Потоа следеше забавата на Vanity Fair каде што Дуа покажа спектакуларна модна креација, чиста елеганција и гламур.

Корсетот што го претвори телото во скулптура, додека остатокот од фустанот беше покриен со златни светки – тие беа вистински рај за очите.

Нејзиниот партнер блескаше покрај неа во класично црно одело, и заедно ги собраа сите позитивни коментари.

Scroll to Top