(Видео) Фантазија на црвениот тепих: Ен Хатавеј го носи најубавиот огнен фустан

Откако нè почасти со неколку трендовски изгледи за време на снимањето на долгоочекуваното продолжение на „Ѓаволот носи Прада“, актерката Ен Хатавеј блесна во елегантен, романтичен изглед на настанот WWD Honors.

Таа го носеше можеби најубавиот црвен фустан што некогаш сме го виделе, докажувајќи, по којзнае кој пат, зошто е модна икона.

Холивудската ѕвезда се појави во спектакуларен црвен фустан од италијанската модна куќа Валентино кој раскажува бајковита, носталгична приказна за времето кога холивудскиот гламур беше насекаде околу нас.

Беше направен од тенки прерамки, тесен горен дел како корсет, но и нежни повеќеслојни набори од тил кои се спуштаа по линијата на телото и создаваа луксузна динамика додека одеше.

Прерамките врзани во машна во центарот на рамото, исто така, му даваат на фустанот дополнителна доза на женственост, а машната го краси и средниот дел од фустанот, под стомакот.

Ен носеше салонки во иста боја со оваа совршена креација, но ја задржа косата едноставна, а шминката суптилна, како што речиси секогаш прави. Косата ѝ беше собрана од лицето, а накитот беше дискретен, па фокусот беше на самата креација и нејзината гламурозна убавина.

фото: принтскрин

Scroll to Top