(Видео) Голите фустани не се за секого: Инфлуенсерка проба неколку модели, па стана вирална

Трендот на голи фустани е позастапен од вообичаеното, а најмногу ги сака актерката Дакота Џонсон, која на некој начин ги направи познати.

Кога голите фустани за прв пат се појавија на црвениот тепих, имаше вистински „бум“. Потребна беше многу храброст за да се носат вакви модели, и тогаш и сега, но денес тие граници се малку поместени. Последната во низата што гордо прошета во еден од овие фустани беше Анџелина Џоли.

Ова ја поттикна и инфлуенсерката Дана Ричи да попушти и да проба некои модели, за кои навистина ви треба многу храброст.

„Како изгледа онлајн, а како во реалноста со трендот на голи фустани или како модните брендови ќе ме стават на црна листа… Златната дефинитивно ми е омилено, но не знам кога воопшто би го носела. Што мислите?“, напиша таа во описот на своето видео.

Инфлуенсерката проба златен, целосно транспарентен, а потоа и мрежест со цветни мотиви, кој сепак не ѝ се допадна.

„Опседната сум со злато“, рече таа, иако долната облека под неа беше јасно видлива.

Имаше модели со чипка, а имаше и фустан што личеше на рибарска мрежа. Едно е сигурно, за секој од овие модели ви треба многу храброст и самодоверба.

Видеото предизвика мешани реакции; имаше и такви на кои им се допадна, но и такви кои ги критикуваа нејзините избори и ѝ рекоа да се држи до некои природни материјали.

Scroll to Top