Познатиот актер Тимоти Шаламе и ѕвездата од ријалити-шоуа Кајли Џенер дојдоа заедно на премиерата на неговиот филм, ставајќи крај на сите гласини дека раскинале и дека повеќе не поминуваат време заедно.
Славниот пар веднаш ги привлече сите погледи во Лос Анџелес, што беше очекувано со оглед на тоа што никогаш не ја рекламираат својата врска и дека сè е секогаш на ниво на шпекулации.
Со ова, тие ги замолчија сите.
Тимоти и Кајли исто така одлучија да бидат модно координирани, па нивните комбинации беа во иста боја. Кајли избра тесен фустан со прорезови на градите и многу длабоко деколте, додека Тимоти позираше во портокалово одело и кошула, во комбинација со црна чанта.
Тие речиси успеаја да ја засенат целата премиера на филмот, а тоа можеби е и нивната цел. Од почетокот на нивната врска, Кајли е омразена од фановите на Шаламе кои веруваат дека таа не е доволно добра за него.
фото: Depositphotos






