(Видео) Кајли Џенер ја истакна половината со тесен фустан, луѓето коментираат: Нездраво и бизарно

Повеќе од еден месец луѓето дискутираат за изгледот на Кајли Џенер во тесниот црн фустан. Имено, Кајли беше на ревија на модната недела во Париз во многу тесен црн фустан, при што го истакна тесниот струк.

Кајли на социјалните мрежи објави фотографии од шоуто, а луѓето веднаш почнаа да коментираат колку таа изгледа „нездраво“.

„Ова изгледа бизарно и нездраво“, „Јади нешто“, „Каде ти е половината?“, „Сфаќаш ли колку си влијателна? Телото не ти е нормално. Размислете што мислат малите девојчиња кога ќе го видат ова“, „Колку е слаба половината во споредба со колковите. Тоа не може да биде здраво“, се дел од коментарите.

Scroll to Top