(Видео) Ќерката на Мајкл Џексон во проѕирен фустан позираше пред фотографите во Париз

Парис Џексон (26), ќерка на починатиот крал на попот Мајкл Џексон и Деби Роу, привлече внимание на модната недела во Париз благодарение на нејзиниот моден избор.

Таа беше облечена во долг, целосно проѕирен црн фустан.

Парис присуствуваше на ревијата на Стела Макартни за колекцијата есен/зима.

Носеше и мала црна чанта, а сето тоа го комплетираше со едноставна фризура и неутрална шминка.

Коментарите за нејзиниот изглед беа главно позитивни, а многумина забележаа дека Парис изгледа „подобро од кога било“.

Scroll to Top