Мексиканската пејачка и актерка Белинда Перегрин Шул (35) падна на модна ревија за време на модната недела во Париз. Белинда учествуваше на ревијата на L’Oreal Walk Your Worth и се сопна и заврши на подот на пистата.
Пејачката Анита, која беше дел од ревијата, и пријде да и помогне и ја поттикна да ја одработи ревијата до крај.
Белинда подоцна се пошегува за себе на социјалните мрежи.
„Не е важно колку пати ќе паднеш, туку како ќе станеш. Ти благодарам Анита“, напиша таа.
Таа го спореди својот пад со падот на Кери Бредшо во серијата Сексот и градот, во епизодата The Real Me.
„Најдобриот момент во мојот живот иако не го замислував така“, се пошегува таа.