(Видео) Никол Кидман никогаш не била толку сексапилна

Актерката Рис Витерспун го прослави својот 50-ти роденден опкружена со семејството и пријателите на раскошна забава инспирирана од Дивиот Запад.

Нејзината колешка Никол Кидман беше една од гостите, а судејќи според видеата и објавите на социјалните мрежи, таа беше вистинска сензација.

@erinomalleysfrequency Lots of fun and familiar faces in Nashville last night🎉#nicolekidman ♬ original sound – erinomalleysfrequency

Таа го привлече вниманието на јавноста со модна комбинација која е само за храбрите. Имено, актерката носеше црн чипкаст корсет од модната куќа „Меквин“, а облеката ја заокружи со сребрени кожни панталони. Додаде и црн чокер, што на целиот стајлинг му даде секси нота.

Што се однесува до фризурата, таа се одлучи за едноставна, брановидна коса што паѓаше по рамената. Нејзиниот атрактивен изглед го привлече вниманието на јавноста, па затоа не е ни чудо што беше сензација.

Scroll to Top