(Видео) Oчилата за сонце на Меланија Трамп го украдоа шоуто на финалето на Светското клупско првенство

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија присуствуваа на Светското клупско првенство на ФИФА во 2025 година во неделата, кое се одржа на стадионот „Метлајф“ во Ист Радерфорд, Њу Џерси.

Додека фудбалските фанови го гледаа напнатиот натпревар помеѓу Париз Сен Жермен и Челзи од трибините, Меланија го привлече вниманието на модните ентузијасти – или поточно, нејзините очила за сонце. Бројни странски модни медиуми објавија за нејзиниот впечатлив избор: преголеми очила за сонце од брендот Кристијан Диор.

Моделот DiorNuit S1I во бела боја, со дебели рамки во облик на мачка и златно лого на широките рачки – очила кои се многу повеќе од само моден додаток. Со нив, Меланија носеше монохроматски комплет: бела маица вовлечена во бело здолниште со шлиц и елегантна јакна од Мајкл Корс, пишува Index.hr.

Стајлингот го комплетираше со чанта Хермес Кели и бели шпицести потпетици од Маноло Бланик. Темнотоп сино палто, фрлено преку рамо, додаде контраст и го разбиваше инаку целосно белиот монохроматски изглед.

Моделот на бели очила што ги носеше Меланија е распродаден речиси насекаде, додека црната верзија сè уште може да се најде. Ова не е изненадувачки, бидејќи ова е модел што Диор го претстави уште во 2023 година.

Во меѓувреме, во понудата се појави освежен модел со бели бисери и сребрени нитни, кој е поскап од оригиналот. Додека моделот што го носеше Меланија чинеше околу 400 евра, новата верзија се продава за дури 1.690 евра.

Scroll to Top