(Видео) Ријана се пофали со дијамантски прстен и го стави на прст од ногата

Ријана на социјалните мрежи се пофали со дијамантски прстен кој го носи на прст од ногата. Пејачката објави видео на кое ги снимила нозете и стапалата додека оди во штикли, зумирајќи неколку пати на блескавиот прстен.

„Тивок луксуз“, напишала пејачката.

@rihannaquiet luxury♬ original sound – Rihanna

Многу нејзини обожаватели во коментарите тврдат дека се работи за дијамант од девет карати. Објавата собра над милион прегледи за помалку од еден ден.

„Само РиРи може да носи прстен на ногата и да изгледа неверојатно“, „Го видов видеото и веднаш истрчав да го купам и јас, но немам пари за таков дијамант“, „Одеше со прстенот на нога и освои сè“, се коментарите на фановите.

Инаку, Ријана го очекува своето второ дете, а неодамна по речиси една година го откри името на својот прв син.

Пејачката и нејзиниот партнер, раперот Асап Роки долго време го чуваа во тајност името на нивното прво дете, но неодамна беше откриено дека неговото име е РЗА Атхелсон Мајерс. Се вели дека е именуван во чест на продуцентот и рапер РЗА, еден од членовите на култниот бенд Wu-Tang Clan.

Ријана, која моментално е бремена со своето второ дете, неколку пати навести за името што го избрале за нејзиниот син, бидејќи по породувањето често носела облека на која пишува „Ву-танг клан“.

Таа неодамна сподели спомен од снимањето кога беше бремена за прв пат. На фотографиите таа позира во долниот дел од костимот за капење и на плажа.

-„Во чест на мојата прва бременост, прифаќање на мајчинството како магија што ја создаде ова тело. Бебе РЗА. Тој нема поим колку е луда неговата мајка или колку ќе биде опседната со него“, напишала тогаш на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Scroll to Top