(Видео) Салма Хајек покажа трик со кој ја покрива седата коса и ги воодушеви своите фанови

Салма Хајек на својот Инстаграм објави видео во кое покажа како се подготвува за настан и откри брз трик за покривање на седата коса.

„Кога сама си ја средувам косата, ги премачкувам прамените со маскара“, открила 57-годишната актерка, а потоа покажала како нејзината фризерка ја покрива седата коса со специјален спреј доколку нема време да ја обои косата.

„Вака не морам да ја бојам на секои три недели“, вели таа во видеото кое ги воодушеви нејзините следбеници и собра повеќе од 234.000 лајкови, а во коментарите одговори и актерката Ева Мендес.

„Сега е официјално, нели? Ти си најубавата жена на светот? ѝ напиша таа.

Scroll to Top