(Видео) Со кондоми за гостите на ревијата за „Дизел“ почна Модната недела во Милано

Во Милано започна Модната недела која ќе трае пет дена, а гостите на ревијата на „Дизел“ ги пречека куп од кондоми, идеја на креативниот директор на брендот, Глен Мартенс.

Италијанскиот бренд ја претстави својата колекција есен-зима 2023 година на позадината од над 200.000 кутии од кондоми „Дурекс“, со тоа ја најави соработка со компанијата за контрацепција.

„Сакаме да играме во „Дизел“ и сме сериозни во врска со тоа“, рекол креативниот директор Глен Мартенс.

„Забавувајте се, почитувајте се и бидете безбедни“, додал директорот.

Целата колекција ги истражуваше темите на слободата, задоволството и експериментирањето, со модели кои се шетаат околу купот кондомите во ултра ниски фармерки, тексас облека со проѕирни мрежести панели од тантела и искинати свилени фустани споени со синџири со несигурен изглед. Придружната техно музика беше прошаран со звукот на експлицитно стенкање, засилувајќи ја пораката дека Мартенс сака да ги помести границите.

Откако стана креативен директор во октомври 2020 година, белгискиот дизајнер го насочи „Дизел“ – долго познат по својот провокативен маркетинг и естетика на луксузни фармерки кон поекспериментална употреба на тексас.

Scroll to Top