(Видео) Тајната за убаво и негувано лице на Џенифер Лопез

Џенифер Лопез штотуку го прослави својот 54. роденден, но по изгледот никогаш нема да знаете дека е во шестата деценија. Всушност, во нејзиното најново видео без шминка, таа изгледа подобро од било кога.

Во видеото кое го сподели на својот Инстаграм профил, актерката и пејачка на своите обожаватели им ги откри своите рутини за убавина кои ги следи уште од раните дваесетти.

„Само што го прославив роденденот и се чувствувам подобро од кога било“, вели Џеј Ло во видеото.

„Ова сум јас, без шминка и моите производи кои ги користам секој ден. Тајните за убавина на познатите личности“, вели пејачката.

Таа открива дека нејзините омилени производи се нејзиниот сопствен бренд That J.Lo Glove Serum и That Big Screen SPF 30 Moisturizer.

„Јас користам крема за сончање секој ден уште од моите рани 20-ти“, вели актерката, советувајќи ги сите никогаш да не прескокнуваат крема за сончање.

Ова е клучниот совет на секој дерматолог бидејќи незаштитеното и невнимателно сончање предизвикува бројни фотоштети кои со текот на времето се акумулираат и се манифестираат на кожата со брчки и линии, хиперпигментација, дехидрација и намалена еластичност на кожата. Без разлика колку го сакате сонцето и вашиот тен, доколку сакате да ги спречите предвремените знаци на стареење, послушајте го советот од вашиот дерматолог или Џеј Ло.

 

Scroll to Top