15-годишнa тинејџерка почина од труење со алкохол додека славела роденден

15-годишно девојче починало од труење со алкохол за време на прославата на нејзиниот роденден во село во Трансбајкалската област, во југоисточниот дел на Сибир, соопштија регионалните власти.

Истрагата утврдила дека девојката на роденденската забава со другарките испила силен алкохол, поради што и се слошило и починала следниот ден, пренесува РИА Новости.

„Според првичните информации, смртта е последица од труење со алкохол“, се вели во соопштението.

Инспекторите наредиле судско-медицински преглед за да се утврдат причините за смртта.

Scroll to Top