(Фото) „Ламборгинито“ покриено со 2 милиона кристали од „Сваровски“ на руската манекенка Радинова сериозно оштетено во несреќа

Црн автомобил „ламборгини авентадор“, покриен со 2 милиона кристали на „Сваровски“, е тешко оштетен во сообраќајна несреќа во Лондон.

Автомобилот од 500.000 долари, кој развива максимална брзина од 350 km/h, е во сопственост на руската манекенка Дарија Радионова.

Во изјавата за „Инсајдер“ од компанијата што ја застапува Радионова се вели дека „сѐ уште не им се верува дека се случил ваков ужасен инцидент“. Фотографиите од несреќата го покажуваат смачканиот заден лев дел од автомобилот.

Радионова не била во паркираниот автомобил во моментот на несреќата на почетокот на минатата недела. Автомобилот бил удрен, а виновникот побегнал.

Во пораката на „Инстаграм“, Радионова понудила награда од 5.000 фунти (6.722 долара) на секој што би можел да ѝ го даде регистарскиот број на синиот автомобил Vauxhall Zafira што учествувал во несреќата.

Според The ​​Evening Standard, несреќата се случила додека автомобилот на Радионова бил паркиран во луксузниот лондонски кварт Кенсингтон.Tаа напишала на „Инстаграм“: „Се надевам дека кармата ќе те удри в лице пред јас тоа да го сторам“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daria Radionova (@dradionova)

Русинката стана позната по екстравагантното купување во 2019 година.

Радионова исто така располага со сребрен „мерцедес C-класа“ со инкрустирани 1 милион кристали на „Сваровски“ во 2014 година.

 

 

Scroll to Top