Легендарниот фудбалер на белградски Партизан Момчило Моца Вукотиќ почина на 72 години по долга борба со рак на грлото. Тој ќе остане запаметен како еден од најдобрите фудбалери кои некогаш играле за овој клуб.
Момчило Вукотиќ долго време беше рекордер по бројот на одиграни натпревари за Партизан, сè додека не го надмина доскорешниот капитен на овој клуб, Саша Илиќ. Во црно-белиот дрес одигра 791 натпревар и постигна 339 голови. Моца еден период го носеше и дресот на француски Бордо. За југословенската фудбалска репрезентација има одиграно 14 натпревари и постигнато четири гола.