Магазинот „Ентертејнмент викли“ ја објави првата фотографија на Реми Малек, кој ја доби улогата на Фреди Меркјури во филмот „Бохемијан рапсоди“.
Филмот што се снима овие денови раскажува за животот на легендарниот музичар, фронтменот на групата „Квин“, и опфаќа период од 1970 до 1986 година до настапот на концертот „Лајв еид“, шест години пред смртта на Меркјури.
„Господин Робот“ неодоливо потсетува на музичарот, а изјави и дека во филмот ќе се користи неговиот глас, освен за деловите што нема да може да ги испее, па таму ќе се употребат оригинални снимки од гласот на Меркјури.
Филмот е во режија на Брајан Сингер, а премиерата е најавена за Божик 2018 година.