Жена забележала дека мајка ѝ е жива само неколку секунди пред да биде кремирана

Жена од Аргентина само неколку секунди пред да биде кремирана мајка ѝ забележала дека таа е жива. Осумдесет и деветгодишната старица, чиј идентитет засега не е откриен во јавноста, била примена во приватна болница на северот од земјата.

Таа била примена во саботата, откако се пожалила на силни болки во градите. Наредниот ден персоналот во болницата на нејзината ќерка и ја дал посмртницата, откако било утврдено дека таа починала од срцев удар, пренесува „Дејли мејл“.

Додека работниците во погребалното друштво ја подготвувала старата жена да ја пренесат преку движечката лента на крематоријата, нејзината ќерка го спречила процесот. Таа забележала дека нејзината мајка се помрднува и дека дава знаци дека е жива.

Жената веднаш била вратена на приватна клиника, каде во моментов се наоѓа на интензивна нега, пренесуваат локалните медиуми. Ќерката ја пријавила клиниката, а властите потврдиле дека почнале со истрага за да ги расчистат сите дилеми околу целиот случај.

Scroll to Top