Аеродроми во САД нудат летови до измислената држава Ваканда

Аеродроми во САД почнаа да нудат патувања до измислената држава Ваканда, вклучувајќи се во еуфоријата што ја предизвика последниот голем филмски хит „Црниот пантер“.

Тие решија да се пошегуваат на своите твитер-профили нудејќи редовни линии до футуристичката африканска земја, во којашто се одвива дејството на првиот филм со црни суперхерои.

„‘Ваканда ер‘ е најновиот член во нашето семејство. Нуди секојдневни летови до прекрасната држава Ваканда“, објави меѓународниот аеродром во Орландо постирајќи слика од авион насликан со црн пантер.

Слична објава имаше и аеродромот во Атланта.

„Авионот за Ваканда тргнува во 7.30 часот. Багажот е спакуван“.

„Црниот пантер“ заработи 426 милиони долари на светските кино-благајни на стартот од прикажувањето и се очекува во вториот викенд да ја надмине сумата од 600 милиони.

Scroll to Top