Ајнштајн одбил да го оперираат пред смрт иако знаел дека можел да се спаси

Алберт Ајнштајн бил мирен и повлечен човек уште од неговото детство. До неговата петта година не прозборел и кажал ниту еден збор. Неговите родители кои биле загрижени, го прашале зошто до тогаш не зборувал, а се верува дека Ајнштајн им одговорил дека сè до тој момент, работите за него биле во ред.

Од татко му добил компас, со чија помош Ајнштајн ѝ се доближи на науката. Починал на 18 април 1955 година, кога му пукнал крвен сад во близина на срцето. Имал 76 години, а причина за смртта била аневризма на абдоминалната аорта, која веќе ја оперирал неколку години претходно, во 1948 година.

Лекарите сакале повторно да го оперираат, но Ајнштајн бил категоричен во неговата намера и одбил. Потоа изјавил дека сака да замине и дека животот не треба да продолжи на таков начин.

„Сакам да одам кога јас ќе сакам. Невкусно е да го продолжам животот на вештачки начин. Јас го направив мојот дел, време е да одам и ќе го сторам тоа елегантно”, рекол Ајнштајн.

Лекарите ја почитувале неговата одлука, а Ајнштајн починал следниот ден. Неговите последни зборови ќе останат засекогаш непознати бидејќи ги зборувал на својот мајчин германски јазик. Единствениот сведок била медицинската сестра, која не го познавала германскиот јазик.

Абдоминалната аорта е главниот крвен сад во абдоминалната празнина кој продолжува до торакалната аорта која е главниот крвен сад во градниот кош. Аортната аневризма расте постепено додека не пукне, што често е фатално. Мажите постари од 65 години се изложени на особен ризик да развијат аневризма на абдоминална аорта, а руптурата носи висока стапка на смртност и единствениот лек е итна операција.

Scroll to Top