Ако Меси одбиеше да ја носи мантијата на доделувањето на трофејот ќе избиеше голем дипломатски скандал рече романски тренер

Репрезентативецот на Аргентина Лионел Меси наиде на голем број критики на дел од јавноста за тоа што ја облече мантијата за време на доделувањето на трофејот на Светското првенство во Катар. Романскиот тренер Чипријани Панаит, рече дека во никој случај не смеел да одбие.

„Гледам и слушам како некои мои колеги даваат изјави за ова, а немаат никакви информации. Ако Меси не ја облечеше мантијата, тоа ќе беше голема навреда за катарскиот шеик и ќе настанеше дипломатски конфликт. Тоа треба да го знаат оние кои сега го зборуваат ова“, рече Панаит за романскиот медиум Digisport.

Scroll to Top