По Бред Пит, Сем Хеунг и Роберт Патисон кои на црвениот тепих на филмски премиери се појавија во сукњи, актерот Лисиен Лавискомте на пристигнувањето на ревијата на Луј Витон есен/зима 2023/24 во Париз се појави во сино-сиво плисирано здолниште над панталони со широки ногавици во иста боја и необичен џемпер.
Станува збор за модели од претходната колекција на француската куќа, која актерот ја комплетирал со бели и зелени патики. Лисиен Лавискомте е познат по улогата на Алфи во серијата „Емили во Париз“.
За време на шоуто внимание во елегантна комбинација на панталони и здолниште привлече и Џеј Хоуп, една од членовите на многу популарниот корејски бенд БТС.