Алпинистката Кристин Гарила од Норвешка искачи девет највисоки планини во светот за 45 дена

Алинистката Кристин Гарила (37) од Норвешка се искачи на планината Манаслу во Непал во саботата, што е нејзин деветти врв во изминатите 45 дена, изјавил планинарски официјален претставник, со што се приближила до нејзината цел да стане најбрзата планинарка која ќе се искачила на 14 од највисоките врвови во светот за три месеци.

Кристин се искачила на 8.163 метарскиот врв на планината Манаслу во западен Непал со Тенјен (Лама) Шерпа и уште пет други водичи пред зори. Таа успеала да се искачи на Шиса Пангма во кинеската провинција Тибет на 26 април, а оттогаш се искачила и на Даулагири, Канченџунга, Еверест, Лоце, Макала, Чо Оја и Анапурна во Непал.

Таа сега ќе се упати во Пакистан за да ги искачи Нанга Парбат, Гашебрум I, Гашребрум II, К2 и Броуд Пик, соопштија локалните спонзори.

Харила се надева дека ќе ги искачи сите 14 врвови повисоки од 8.000 метри пред крајот на јули, а ако успее, ќе стане најбрзиот планинар што го направил тоа, соборувајќи го рекордот на Непалецот Нирмал Пурја кој ги искачи за шест месеци и една недела во 2019 година.

„Тоа е целта и мислам дека можам да го направам тоа“, изјавила таа за Ројтерс во Катманду во мај.

Scroll to Top